За нас
КОИ СМЕ НИЕ - нов стартап проект, тим од инженери и специјалисти за информатички технологии, кои можат да го реализираат изградувањето на сопствени станици за полнење, инсталација, експлоатација и оперативно одржување. Ние растеме со секој изминат ден, како со нови технологии така и со повеќе локации за полнење. Ги имаме вештините и технологиите да изградиме станици на секој еден трговски објект, сервис и локација која дозволува поставување и удобност за нивно користење.
МИСИЈАТА НА КОМПАНИЈАТА - да развиеме сигурна мрежа од станици за полнење и да помогнеме за користењето на електрични возила за лесно и пријатно патување до секоја точка на земјата.
НАШИОТ ТИМ - специјалисти од целиот свет, со кои постојано размислуваме за нови идеи, начини за стабилна и удобна работа на станиците. Како и за соодветно услужување на нашите клиенти.
НАШИТЕ СТАНИЦИ - се развиени и произведени во Бугарија и можат да полнат сите видови електрични возила. Сите наши станици содржат полноправен компјутер, со кој може да извршува секакви создадени и несоздадени функции. Тие се склопени и проверени од нашите специјалисти. Станиците кои ги создаваме се за користење на секој горд сопственик на електрично возило. Сакаме да потенцираме дека нашите станици не се продаваат.